Според градската управа во Виена, дрвјата и зелените површини се најдобри климатизери. Иако скоро и да нема улици или делови од градот каде неодамна се засадени нови дрвја, тие размислуваат и за локации каде тоа не е можно заради густата градба или прекумерните трошоци за реновирање на јавни површини и преместување на подземни инсталации. На вакви локации, со цел заштита од летни горештини и штетното сончево зрачење, во тек е инсталацијата на креативни ролетни и крошни над јавните места.
Оваа можност им се нуди на сите сопственици на згради затоа што Виена е најзелениот град во светот кој решително се прилагодува на климатските промени. Новиот проект на градската администрација наречен „Wiener Schatten“ („Виенски сенки“)ќе се спроведе со цел да се заштити од штетните ефекти на сончевото зрачење и да се обезбеди доволна сенка на јавните места.
Според Централниот австриски институт за метеорологија и геодинамика (ЗАМГ), минатото лето во Виена беше најтопло во историјата на мерењата. Така, во самиот центар на градот се регистрирани дури 39 крајно топли денови со температура на воздухот од 30 и повеќе Целзиусови степени.
Со проектот граѓаните на Виена треба дополнително да се заштитат од летните горештини, а за таа цел изработен е каталог „Wiener Schatten“ кој содржи идеи и опции за поставување различни сенки на градските улици и плоштади.
Каталогот е наменет за реализација на разни уметнички проекти во градските области, но и за сопственици на градини и компании кои ги одржуваат, како и приватни лица и здруженија.
Тендини, ролетни, пергола или уметнички инсталации – сето тоа се можности што се дизајнирани во последните неколку месеци од експерти.
Идеите претставени во каталогот „Wiener Schatteн“ се нови можности за засенчување на јавни површини и заштита од сонце, што не само што ќе го олади градскиот простор, туку ќе бидат компатибилни со градскиот пејзаж и дополнително ќе придонесат за нејзината убавина и живост.
Можностите за засенчување се многубројни: од текстилни тенди и ролетни со разни форми по тесни улици, преку пергола, уметнички инсталации и создавање на сенка во делови од градските окрузи и едноставни крошни над тротоарите. Приватните лица и членовите на здруженијата сега имаат можност да ги засенуваат тротоарите пред нивните куќи, згради и деловни простории.
Градската администрација веќе почна со уредување на плоштадот Кристијан-Брод-Плац во областа Маријахилф, каде инсталацијата на голема настрешница за заштита од сонце, делумно поставена на столбовите за јавно осветлување, ќе биде завршена до ова лето. Овој простран плоштад се наоѓа на крајот на познатата трговска улица Мариалифер Штрасе, која пред неколку години беше темелно реновирана и се претвори во најголемата „област за состаноци“ во Виена.
На други локации, особено на трговските улици, постојните елементи за поставување Божиќни украси ќе се користат за поставување и зацврстување на сенките.
Од градската управа исто така забележуваат дека текстилните тенди и перголи првенствено можат да се користат на локации каде не е можно да се засадат дрвја заради подземни цевки за вода, оптички кабли или канализациони цевки.