Насловна / Архитектура / Планинска куќа во Националниот парк Шумава во Чешка

Планинска куќа во Националниот парк Шумава во Чешка

Планинската куќа од 462 метри квадратни, сместена на илјада метри надморска височина, привлекува внимание со својата големина, но и со својот природен изглед и материјали, благодарение на што лесно се вклопува во околината.

kuka

Архитектонската фирма Triarchitekti го има дизајнирано проектот на таков начин што ќе им обезбеди на жителите на двете станбени единици целосен комфор, додека уживаат во погледот на недопрената околна природа на Националниот парк Шумава во Чешка.

kuka1

Организацијата на просторот се заснова на принципот што традиционално се применува во оваа област со векови. Имено, двете станбени единици се поставени попречно, едни спроти други со меѓусебна врска што е како во огледало.

kuka3
Двете единици имаат посебни влезови на предната и на задната страна, но исто така и посебни области. Заедничките капацитети вклучуваат подрум со технички простор, сауна на приземје и повеќенаменска влезна површина и тремот, како и спална соба во таванот.

kuka2
Во однос на изградбата, основата на зградата се состои од бетонски подрум и скали кои го носат товарот на целата планинска куќа направена од дрво. Применетите дрвени CLT панели ја прават зградата многу стабилна, а во исто време тие се еколошки и се карактеризираат со брза монтажа.

kuka4

Фасадата е направена од традиционална дрвена облога со украсни елементи кои ја потенцираат вертикалноста. Покривот е изработен од природен шкрилец, додека долниот дел на куќата е изработен од локален гранит, кој го штити објектот од суровите временски услови на планината.

kuka6

kuka5

Испрати коментар

Scroll To Top