Во Хрватска на Истра во местото Каштелир во близина на Пореч, се наоѓа Куќата за одмор Ружиќ. Автори на објектот се архитектите Ана Сламар и Адријано Стеќ од бирото „Тиса“. Локалната, традиционална градба го инспирирала решението кое го треира објектот како низа од помали волумени со различни функции, со кои доследно се постигнува ритмичен карактер, додека со флуидно поврзување на ентериерот и екстериерот се отвараат динамични визури. Каштелир од примарно рурална целина се орјентира кон нов вид туристичка понуда на куќи за одмор.
Субурбаната агломерација на Каштелир како контекстуална рамка на проектот во последното десетлетие од примарна рурална средина се оријентира кон нов вид туристичка понуда на куќи за одмор. Трансформацијата проследена со неадекватна урбанистичка пракса и изградба водена со брзање, основно мерило цена по квадратен метар и сомнителен обликовен јазик, поттикнува сомнеж кон идното изградено опкружување, кое може да го загрози квалитетот на живот и користењето на објектите.
Анализата на контекстот резултира со интровертиран објект, составен од низа периферно поставени функционални волумени со индивидуална намена.
Таквата диспозиција овозможила сместување на поинтимни, внатрешни и надворешни содржини, како базен и џакузи и низа надворешни простори во корпусот на објектот, заштитени од надворешните погледи. Функционалната диспозиција се градира со поминување низ објектот од заедничките простории, дневен боравок, трпезарија до интимни простори, спалните соби и wellness.
Композицијата на волумените, речиси потоплно застаклени кон внатрешниот дел, на ентериерот му даваат динамични визури, кои се диригирани од монолитните волумени, од отсјајот на водата, природното светло, движењето на сенките. Со ритмичко нижење на белите волумени околу водената површина создадена е целина без јасна граница меѓу отворениот и затворениот простор.