Изградбата на најголемата соларна електрана со концентрирано сончево зрачење (CSP – Concentrated Solar Power) на светот, постројката Noor Energy во Дубаи, напредува и покрај промените во начинот на работење во актуелниве околности. Noor Energy 1 се гради за Електричната и водна управа на Дубаи (DEWA). Хибридната постројка опфаќа CSP со моќност од 700 MW и фотоволтаична електрана со моќност од 250 MW . Вредноста на проектот изнесува околу 4,4 милијарди долари, а изведувач е кинеска компанија.
Се очекува проектот да го зголеми делот на „чиста енергија“ на градот на 25% до 2030 година, и да направи редукција на околу 1,6 милиони тони јаглерод диоксид.