Насловна / Архитектура / Зграда обликувана за да ги привлече луѓето да истражуваат

Зграда обликувана за да ги привлече луѓето да истражуваат

Зградата на музејот во Кина нема особено видлива форма, но се испреплетува со околните отворени простори со цел да се охрабрат што е можно повеќе луѓе да ја истражуваат оваа локација.

zgrada
Според архитектот Зу Пеи, чие студио го потпишува проектот, Центарот за култура и уметност на кинескиот округ Шоу е дизајниран да ги привлече луѓето да истражуваат, а не само да ја гледаат зградата како скулпторска форма. “Зградата мора да се доживее, не само да се набљудува“, вели архитетот. Тој ја опишува својата нова зграда како строга структура, која исто така е многу „порозна“.

zgrada1
За структурата на Центарот за култура и уметност на површина од 30.010 метри квадратни може да се каже дека потсетува на тврдина, чии контури се строго стереометриски, пишува Domusweb.

zgrada2
Планот на комплексот е делумно заснован на традиционалната типологија за домување во регионот и се состои од низа дворови од различни димензии. Сите дворови имаат различни намени и се пресекуваат на различни нивоа со јавни шеталишта што се пробиваат низ локацијата.

zgrada3
„Интровертниот концепт на овој културен центар е всушност разумен избор за непредвидлив иден развој на околината“, вели архитектот Зу Пеи.

zgrada4
На град кој расте непредвидливо, па дури и малку хаотично, Зу Пеи не наметнува нов објект што би претставувал „градска ѕвезда“, туку нуди структура која ќе остане валидна со текот на времето, независно од насоката во која градот понатаму ќе се развива.

zgrada6

zgrada5

Испрати коментар

Scroll To Top