Насловна / Вести / Шведска за прв пат користи водород како гориво во комерцијалното производство на челик

Шведска за прв пат користи водород како гориво во комерцијалното производство на челик

Шведскиот производител на челик Ovako започна да користи водород како замена за течниот природен гас (ТПГ) кој досега е користен како гориво. Резултатите се позитивни, и не покажуваат никаков негативен ефект врз квалитетот на произведениот челик. „Ова е голем чекор за развојот на челичната индустрија“ вели Göran Nyström, извршен потпретседател на компанијата. „ Ова е прв пат како водородот се користи во производството на челик. Водордот може да се користи едноставно и флексибилно, и ќе придонесе за значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид“, додава Nyström

Водородот е чист гас, и при согорувањето не емитува емисии на стакленички гасови. Во производството на челик, префрлањето од природен гас или ТПГ кон водород вреди да се воведува само доколку водородот е произведен од обновливи извори. Доколку за производството на водород се користи јаглен или ТПГ, тогаш штетата е поголема од ползата. Со оглед дека „чистото“ производство на водород е скапо, за да се направи премин кон користење на ова гориво во металургијата, мора да се предвиди одредено субвенционирање, велат од компанијата Ovako.

ovako1

ovako2

Испрати коментар

Scroll To Top