Насловна / Архитектура / Куќа во Аргентина ослободена од вишок елементи

Куќа во Аргентина ослободена од вишок елементи

Escobar House е сместена во Haras Santa María de Escobar, затворен компаунд на 54 километри од Буенос Аирес. Куќата проектирана од аргентинскиот архитект Luciano Kruk се простира на површина од 282 квадратни метри и е направена за млад пар, клиенти кои сакале да апсолутна приватност.

6_resize

Резултатот е структура која од предната страна е речиси целосно затворена, додека како контраст на тоа, задната страна е отворена и ужива во погледот на околниот терен за голф и зелената природа. Клиентите барале дневниот боравок и трпезаријата да бидат отворени во полупокриено проширување, директно поставено до базенот и материјалите да не бараат премногу одржување, па така куќата е направена од бетон и стакло.

2_resize

„Намерата беше да се произведе архитектонска синтеза со организацијата на основата и единство кога станува збор за тотална морфологија“, вели за ArchDaily  архитектот.

5_resize

Дизајнот е ослободен од сите елементи кои може да се сметаат за вишок. Luciano Kruk ги искористил висините кои варираат, едноставните линии и ефектите на природното светло во ентериерот за да креира силно чувство на длабочина и го задржи фокусот на природните убавини кои ја опкружуваат куќата.

15_resize

Нејзиниот заден дел флуидно се поврзува со екстериерот, со терасата и дворот, кој продолжува во дневниот боравок и трпезаријата. А просторот е отворен кон базенот, чие поставување во рамки на платформата ветува величествени рефлектирачки ефекти, кои претставуваат визија на небото на мирната вода. Дневниот боравок е проектиран како најважен простор на овој дом и има повисоки плафони од останатите простории, тој е појдовна точка на проектот.

18_resize

Останатите простории се со половина од висината и оваа артикулација овозможила органско поврзување на просториите и истовремено нивна независност.

17_resize

Во куќата е овозможено и кружно движење преку кружниот и сервисен коридор поставен на предниот дел кој овозможува и приватност и сокриеност од погледи, а собите се орјентирани на спротивната страна, кон задната страна на парцелата. Овој коридор е речиси слеп, се отвара само со подолжни, хоризонтални процепи.

19_resize

Носечката конструкција е организирана околу две паралелни греди, поставени долж целата куќа. За визуелно да се истакне хоризонталноста на волуменот, овие греди се повлечени, поставени на внатрешната страна на лушпата која се затвора.

8_resize 7_resize

Целта на архитектот била да проектира удобна куќа со помош на едноставни линии и обмислени простори, кои ќе воспостават близок дијалог со природното опкружување.

9_resize 12_resize 10_resize 11_resize 13_resize 3_resize 4_resize

16_resize 20_resize 25_resize 23_resize 24_resize 21_resize 22_resize

Испрати коментар

Scroll To Top