Многумина во Франција планираат да возат велосипед за да не користат јавен градски превоз, кој се очекува од денес да биде преполн, кога се укинуваат некои ограничувања воведени поради пандемијата.
Во Париз луѓето стоеа во редови пред продоавници на половни велосипеди. Некои велат дека се загрижени како ќе одат на работа со метро или автобус, бидејќи стравуваат од коронавирусот.
Француската влада, сметајќи на расположението на граѓаните, а и за да го растерети јавниот градски превоз, го поттикнува користењето велосипед.
Поради тоа, привремени патеки за велосипеди се припремаат и во Париз, помеѓу останатото на автомобилите ќе им биде забрането да возат и по централната Улица де Риволи, покрај Музејот Лувр.
Исто така, француската држава, граѓаните кои користат велосипеди ќе ги субвенционира со 50 евра за нивно одржување.