Сместен веднаш до A10 во индустриската зона на Amsterdam Zuid-Oost, OMA го понудија своето иновативно решение за да ги консолидира различните објекти на G-Star RAW во еден единствен објект кој ќе стимулира интеракција меѓу вработените од различните сектори.
На 27.500 метри квадратни, 140 метри долгата зграда е составена од креативно јадро кое го сочинува срцето на G-Star RAW, околу кое се обвиткани прстени од канцеларии, паркинг и помошни простории. Разликата помеѓу придружните активности и кративното јадро е постигнато со употреба на контрастни материјали, монолитен, цврст, црн бетон кај прстенот, додека креативното јадро е видливо преку стаклената фасада.