Насловна / Екологија / Загадениот воздух – најголема глобална еколошка закана

Загадениот воздух – најголема глобална еколошка закана

whoTheF..
Минатата недела е објавен  најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) при ОН, во кој е забележано сериозно зголемување на бројот на смртните случаи како последица на загадувањето на воздухот. Големата смртност се припишува првенствено на последиците од согорувањето на фосилните горива.

ОН ги повикуваат националните економии да ја намалат употребата на јагленот, да го користат јавниот превоз и да ја зголемат енергетската ефикасност во индустријата и зградите. Според СЗО, во 2012 година седум милиони луѓе умреле од последиците од загадувањето на воздухот, а во 2008 година тој број бил двојно помал. Над 88% од ваквите смртни случаи се регистрираат во земјите со низок и среден БДП, и во Кина.

Испрати коментар

Scroll To Top