Поголемиот дел од електричната енергија која се користи за снабдување на Австралија, потекнува од јаглен. Само 17% од производството на електрична енергија во 2017, и 6% од финалната потрошувачка се должи на одновливите извори на енергија. Причината за ваквата статистика лежи во фактот што Австралија е богата со јаглен, кој е најефтиниот енергетски ресурс во земјата.
Сепак, работите полека се менуваат во корист на чистата енергија. Производството на енергија од ветерот е зголемена за 20%, а користењето на енергијата од Сонцето за 23%. Покрај тоа, во своето настојување да се оддалечи од фосилните горива, Австралија сега работи на тоа да започне да генерира електрична енергија од енергијата на плимта. Овие проекти сеуште се во почетна фаза, но тоа што се истакнува како најголема предност на овој извор на енергија е предвидливоста на морските струи, а со тоа и на плимата и осеката. Сепак еден од најголемите предизвици во однос на изградбата на турбини за вакви постројки е финансискиот.