Насловна / Архитектура / Ново училиште за само 13 месеци

Ново училиште за само 13 месеци

Училиштето во новата област Пингшан во Шенжен, Кина, со вкупно 36 училници, беше инсталирано за само 13 месеци. Архитектите од студиото Crossboundaries во Пекинг, со проектот „Jinlong“ училиште, направиле обид не само да го максимизираат потенцијалот на монтажната градба, туку и да го реализиотраат потфат кој има социјално значење. Мултифункционалната конструкција е завршена за помалку од половина од времето потребно за изградба на зграда со иста големина со стандардни методи.

skolo4
Проектот за училиштето се карактеризира со флексибилност што се применува преку паметни решенија. Монтажните елементи сочинуваат 75 отсто од проектот. Методот што се користи драматично го намали градежниот отпад на градилиштето, потребниот материјал за влажна градба, работна сила и време на градба.

skolo1

Трошоците за транспорт се задржани на минимум бидејќи е воспоставена соработка со локална компанија која произведува монтажни градежни елементи. Покрај тоа, зградата заштедува енергија, е еколошка и е отпорна на земјотрес. Во зградата се применети модуларни градежни системи, во училници и други простории за настава, додека заедничките и јавните површини се изградени со користење на постандардни методи на градба.

skolo2
Хао Донг, основачки партнер во Crossboundaries, вели дека и покрај големиот број ограничувања, тие биле заинтересирани да влезат во проектот. Ограничено време, ограничен буџет, потенцијално ограничена креативност како резултат на задолжителната употреба на монтажни елементи, многу мала површина за градба и сè друго што требало да се интегрира, ги заинтригирало бидејќи тоа било проект од социјално значење. Тие се вклучиле во овој зафат со цел да создадат училиште што ја нагласува хуманоста, и покрај сите овие ограничувања, и да бидат што е можно покреативни во дизајнирањето простор што дава решение за реален проблем со кој сите треба да се соочуваме во брзорастечките градови во иднина.

skolo
Целта била да се „скрши“ досадното повторување на истите панели и да се инсталираат попривлечни визуелни, кои ќе стават акцент на кампусот. Бинке Ленхард, партнер и ко-основач на Crossboundaries, додава дека тие го виделе потенцијалот да влијаат на целосно рамните фасадни површини на зградата на делот за одмор и тоа го постигнале со правење отвори во фасадата и инсталирање панели со различна дебелина и бои.

skolo3

Испрати коментар

Scroll To Top