Насловна / Вести / Грузија вложува 75 милиони евра за одржлива мобилност во главниот град

Грузија вложува 75 милиони евра за одржлива мобилност во главниот град

„Озеленувањето“ на метрото во престолнината на Грузија, Тбилиси, ќе чини 75 милиони евра. Се очекува проектот да резултира со растоварување на сообраќајниците во градот, намалување на загадувањето на воздухот и отворање на нови работни места. За таа цел, обезбеден е кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 65 милиони евра и средства од Зелениот климатски фонд во висина од 10 милиони евра. Главниот вид на јавен превоз во Тбилиси е токму метрото. неговата модернизација опфаќа набавка на нови 40 возила и унапредување на депоата и тунелите.

Тбилиси има речиси 1,2 милиони жители, и во текот на шпицовите доаѓа до големи гужви на улиците. Подобрувањето на метрото ќе обезбеди поголема сигурност и ефикасност на градскиот сообраќај, и ќе ги поттикне граѓаните почесто да се одлучат за оваа опција отколку за сопствените автомобили. На тој начин ќе се намали загадувањето на воздухот. Проектот има за цел и промоција на родовата еднаквост и унапредување на здравствените и безбедносните стандарди. Истиот е дел од Иницијативата на ЕБОР за зелени градови и Акцискиот план на Тбилиси за зелен град.

?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

tbilisi2

Испрати коментар

Scroll To Top