Консултантската куќа Resonance Consultancy во својот најнов извештај, ја прогласи австриската метропола за најзелен град за 2020 година. Веднаш зад Виена, се пласираа Минхен, Берлин и Мадрид. Во т.н Best Cities Ranking, споредувани се 100 градови ширум светот кои имаат над еден милион жители и воедно најголем број рецензии на Tripadvisor. Виена во сеопфатниот проект го зазема 36-тото место, а според Green-Cities-Ranking првото место. Некои од критериумите за ранкингот во оваа категорија се: процент на јавни зелени површини, удел на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка, процент на населението кој користи јавен превоз за одење на работа, концентрација на PM10 (µg/m3) честички во воздухот, потрошувачка на вода по жител, достапност на можности з арециклирање и компостирање, број на пазари со локални производи.
Најмногу бодоби Виена има во областа на мобилноста и јавните паркови. Покрај тоа, се истакнува и како еден од ретките градови со национален парк (Донау-Ауен). Според рангирањето на Resonance Consultancy, австриската престолнина претставува европско мерило за локалниот јавен превоз. Речиси половина од жителите поседуваат годишна карта за јавен превоз, и редовно го користат.