Во Србиjа се поднесени околу 800.000 барања за легализација на бесправно изградени објекти, 80.000 нови и 720.000 стари, изјави министерот за градежништво Велимир Илиќ. Тој најави дека државата бесплатно ќе ги попише сите бесправно изградени објекти, од кои ќе бидат урнати само оние изградени на забранети подрачја. Пописот ќе се спроведе со поддршка на Светската банка од 60 милиони долари.
Според Илиќ, сопствениците на тие објекти не ќе мораат никаде да се пријавуваат, туку пописот ќе го прават на самото место службеници на катастарот.
Tоа сепак не значи дека попишаните нелегални објекти на тој начин ќе стекнат ист статус како легалните. Според податоците на Републичкиот геодетски завод, во Србија има 1,3 милиони објекти кои не се запишани во катастарот.
„EУ ни постави услов да ги запишеме сите објекти во единствена евиденција за да влеземе во заедничкиот катастар на ЕУ“, рече министерот Илиќ, и додаде дека благодарејќи на тоа Србија ќе може да конкурира за некои проекти кај банките.