Насловна / Вести / Креативни интервенции за подигање на свесноста на возачите во однос на безбедноста на децата

Креативни интервенции за подигање на свесноста на возачите во однос на безбедноста на децата

instalacii za bezbednost na decata_2
Со цел подигање на свеста кај граѓаните во однос на безбедноста на учениците пред училишните дворови, совесно управување со возилата и прописно паркирање, овој викенд креативно се интервенираше пред основните училишта „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ во Скопје.

Две инсталации на дизајнерката Натали Ристовска кои имаат за цел да влијаат на свесноста на возачите на автомобили во однос на безбедноста на децата од основните училишта се поставија на тротоарите пред училишните дворови, како дел од акупунктурните урбани интервенции во центарот на Скопје кои се изведуваат во 2013 и 2014 година.

instalacii za bezbednost na decata_1

Дизајнот на двете инсталации се чист производ на креативноста на авторот, која во немоќ да интервенира на самите пешачки премини поради правилникот за сообраќајна сигнализација го префрла маркирањато на тротоарите пред основните училишта. Со тоа тротоарите стануваат привлечни за децата, а во исто време се доволно маркантни да сигнализираат дека на тие локации има проток на деца. Интензитетот на сообраќајот на улиците „Мајка Тереза“ и „Радњанска“ и брзината со која се управуваат моторните возила е причината за поставување на инсталациите „Тротоар“ на овие две локации.

Со овој тип на добро осмислени и прецизно изведени инсталации се зголемува и свеста кај сите граѓани на Скопје во поглед на потребата од интервенирање во најблиската околина.

Испрати коментар

Scroll To Top