Насловна / Вести / Научниот центар на Тесла, Ворденклиф со виртуелни програми одбележува седум години

Научниот центар на Тесла, Ворденклиф со виртуелни програми одбележува седум години

Научниот центар на Тесла, Ворденклиф (ТНЦВ) со низа виртуелни програми одбележува седум години откако таа единствена преостаната лабораторија на Тесла е спасена од рушење, благодарејќи на донации на луѓе од 108 земји.

По повод одбележувањето на седмата годишнина од овој значаен датум, директорот на Теслиниот научен центар, Марк Алеси, изразил задоволство од постигнатото на патот Ворденклиф да стане глобален научен центар, достоен на овој голем научник и визионер.

t2

„На почетокот на годината почна сериозна реконструкција на лабораторијата на Никола Тесла, а во последните нешто повеќе од месец дена, ТНЦВ оформи потполно нов,  виртуелен научен центар и низ мрежни програми, достапни на луѓе од сите старосни групи, а еден од нив ги открива и најголемите мистерии на лабораторијата на Тесла“, наведува Алеси во изјава дадена за Танјуг и потсетува дека Тесла лабораторијата на Лонг Ајленд, почнал да ја гради пред речиси 120 години.

Од купувањето на Ворденклиф во 2013. година, ТНЦВ се здружил со почитувачите на делото на Тесла, вели Алеси, за да напредуваат во изградбата на глобален научен центар достоен на Тесла.

„Собираме сретства, ја подигнуваме свеста, работиме на плановите, набавуваме дозволи за рехабилитација и отварање на лаборатории, соработуваме со експерти, наставници и иноватори, развиваме планови и програми потребни за оформување на центарот“, додава Алеси.

Според неговите зборови, годишниот извештај за 2019. година, покажува дека бројот на посетители пораснал три пати, а бројот на членови и волонтери се дуплирал.

„Ова е тешко време и желбата ни беше на сите почитувачи на делото на Тесла да им понудиме бесплатни виртуелни програми, кои иснпирираат и образуваат“, нагласува Алеси и потсетува дека во текот на 2012. година, 33.000 луѓе учествувале во спасување на лабораторијата на Тесла, благодарение на акцијата која ја подржал стрип цртачот Метју Инман, за само неколику недели собрани се 1,4 миилони долари.

„Светот го спаси Ворденклиф и сакаме да му се одолжиме во истиот дух на хуманост и иновација, а пример за тоа ни даде токму Никола Тесла“, истакнува Алеси.

Научниот центар на Тесла, Ворденклиф предходните три дена понуди богат онлајн програм, а еден од нив ги учи децата како во домашни услови да направат ракета од она со што располагаат.

t4

Исто така, планирно е и емитување филм за Никола Тесла, кој го направил Јосеф Сикорски во кој помеѓу останатото,  говори и, сега веќе покоен, најблискиот роднина на Тесла, Вилиам Тербо.

Филмот опфаќа историја на Ворденклиф од 1901. година, кога Тесла почнал да ја гради својата прочуена лабораторија и постројка за бежична комуникација и бежичен пренос на енергије до денес.

t6

Благодарение на донации на 2. мај 2013. година,  конечно е откупено 6,5 хектари земјиште на Лонг Ајленд.

Kако што истакнува Алеси, овие пандемијски денови се прилика самоизолацијата да се искористи на најдобар начин, токму као што тоа и Тесла го направил во 1874. година за време на епидемија на колера.

Повеќе за виртуелните програми на ТНЦВ погледнете тука.

t3

Испрати коментар

Scroll To Top