Општинската прес-служба на Ѓорче Петров соопшти дека старите пластични цевки ќе бидат заменети со челични цевки со широчина од 100 милиметри.
Должината на новопоставената мрежа ќе изнесува 250 метри од улицата „Црногорска“ до улицата „Радушка“.
Водоводната мрежа ќе се менува во рамки на реконструкцијата на улицата „Црногорска“, а работите ќе ги изведува „Енергомонт“ –Скопје.