Во полскиот град Познан се наоѓа ресторан под име Weranda, кој пред 15 години започнал како мал кафе бар, чии декор бил инспириран од рустикалните домови со shabby chic уредување и бујната зелена околина. Денес, зад ова име како семеен бизнис стои врвен ресторан, lounge бар, вински бар и една мала продавница со деликатеси во која може да се купат пецива, колачи и домашни џемови. Она по што Weranda се издвојува од повеќето други ресторани, кафулиња и барови е ентериерот што изгледа како да сте влегле во земјата на бајките.
Секоја сезона ентериерите на Weranda се менуваат во согласност со годишните времиња, а посебно се издвојува во пролет, кога ентериерот изгледа како рајска градина. Сите декорации се рачно изведени од страна на сопствениците и вработените, и сите подеднакво се вклучени во идеите и нивното извршување. Откако ќе ги тргнат декорациите, сопствениците ги проследуваат на детските болници и домови, за да им се разубави престојот на децата.
Прекрасниот амбиент на ресторанот го следи и врвна услуга според њујоршките cool клубови и со индустриски „вкус“. Недопрената природа со диви цвеќиња и дрвја се секогаш надополнети со саксии од лалиња, големи вазни со кали, глинени садови со свежи билки за зачини, лилјани, и секако шармантни ретро маси и столици кои потсетуваат на изгледот на романтичните рурални куќи од бајките.