Проектот е на Jager Janssen architects и се работи за приватна куќа наменета за едно холандско семејство.
Нејзината карактеристична форма се издвојува, меѓутоа истоврмено одлично се вклопува со традиционалната и конвенционална архитектура во овој предел на Meppel.
Обликот е добиен преку правење на некои суптилни промени на основниот прототип на куќа, со тоа што се воведува ексцентричност на една од фасадите која се протега директно на косиот гребен, така што се добива динамичен и навидум комлексен облик.