Изградбата на највисоката зграда Бурџ ал Мамлаках во светот ќе почне на крајот на месец април и ќе ја надмине досегашната рекордна висина на зградата Бурџ Калифа.
Судбината на овој проект беше неизвесен во последните три години поради многу проблеми.
Почетокот на изградбата е предвиден на 27 април оваа година и највисокиот облакодер ги доби потребните градежни дозволи.
Овој објект ќе биде изграден во Саудиска Арабија и ќе чини околу една милијарда и двеста милиони долари, а се планира да биде завршен во 2017 година.
Градбата ќе биде висока илјада метри, но се уште не е извесно како таа ќе влијае на луѓето и како ќе функционираат лифтовите.
Според архитектите од познатото архитектонско студио Adrian Smith + Gordon Gill Architecture кои го дизајнирале објектот, во текот на изградбата ќе бидат извршени и одредени модификации.