Насловна / Урбанизам / Од фабрика до трговски центар

Од фабрика до трговски центар

od-fabrika-do-trgovski-centar-thumb.jpgТековите на современиот урбанизам и агилноста на развиените европски општински центри,
резултира со интервенција на пренамена на објекти кои веќе не се рентабилни, кои ја губат
својата функција или пак, најчесто стануваат еколошки „непријатели“ на човековата околина.

 

Изградениот јавен простор и
сликата што тој ја пренесува
на корисниците има моќ со
несогледливи размери. Силата
и развиеноста на европските
држави низ историјата се огледува
преку способноста да се изгради
јавен простор. Тој овозможува
владетелот да ја зајакне својата
власт и својата држава, во исто
време. Исто така и населението
што му ја доверило власта или
пак е покорено од таа власт има
можност да ги задоволува своите
потреби во тој ист јавен простор.
Како што во минатото кралевите
на француската монархија имале
потреба да ја изразат моќта на
империјата градејќи градини од
гигантски размери со скулптурни
декорации, фонтани, езерца кои
се протегале низ непрегледни
површини, така во 19 век било
потребно моќта на државата да се
прикаже со што повеќе фабрики
и со што повеќе оџаци кои го
затемнувале урбаниот пејзаж.
Така, со појавата на индустриската
револуција во поголемите
европски центри во средината
на 19 век, се создаваат масовни
индустриски производствени
капацитети и комплекси кои ги
окупираат влезовите на градовите.

 

Еден од тие индустриски центри
кои се формираат во овој
историски период во француската
република е и Рубе, еден од
нејзините најсеверни градови.
Во средината на деветнаесетиот
век, Рубе прераснува во главен
текстилен центар во Франција
и во целиот регион на северна
Европа добивајќи го прекарот
„францускиот Манчестер“.

od-fabrika-do-trgovski-centar-1.jpg 

Еден од „виновниците“ за
добивањето на овој прекар на
градот, е и една брачна двојка
од Рубе која одлучува да отвори
фабрика за предење на памук.
Луј Мот и Адел Боси ја создаваат
фабриката и препријатието што
го носи нивното заедничко име
Мот-Боси, а подоцна со раѓањето
на нивните четири синови ја добива
и додавката: Мот-Боси и Синовите
(Motte-Bossut Fils). Во 1845 година ја
градат „фабриката ѕвер“ како што ја
нарекувала конкуренцијата поради
фактот што нејзиното производство
го надминувало вкупното текстилно
производство на сите фабрики во
Рубе и регионот. Благодарение на
силната поддршка од мајката на
Луј Мот како и добриот „мираз“ на
неговата сопруга која била ќерка на
тогашниот градоначалник на Рубе,
се гради оваа фабрика долж брегот на една од притоките на главниот
речен канал во Рубе. Со текот на
годините производството бележи
раст и управителите одлучуваат да
се фокусираат на производство
на велур кој се користел во
изработката на воени униформи.
Поради се поголемиот раст на
производството и потребата од
поголем простор, корпорацијата
Мот-Боси одлучила да изгради
нова и поголема фабрика во
истиот град. Новата фабрика
била подигната во 1903 година
со големо влијание на тогашната
градителска тенденција пренесена
од Англија преку една стилизирана
средновековна архитектура. Овој
архитектонски стил бил пренесен
од англиските архитекти на
почвата на континентална Европа
во периодот на втората половина
на 19 век. Фабриката претставува
интерпретација на средновековните
дворци, форсирајќи ги оние
исти назабени ѕидни завршетоци
кои ги имаат средновековните
кули. Па така и главниот
фабрички оџак ги симболизира
средновековните градски кули
како дел од архитектонското
наследство на Франција. Имајќи
предвид дека објектот се гради
во почетокот на дваесетиот век
и ерата на новите материјали и
конструктивни методи, тогаш е
логично што е избрана челична
конструкција за новата фабрика.
Што се однесува до надворешната
обработка на новата текстилна
фабрика, употребена е црвена
тула, фасадна карактеристика на
целиот северен дел од Европа.

od-fabrika-do-trgovski-centar-2.jpg 

Фамилијарниот бизнис на Мот-
Боси низ историјата има подеми,
но и големи падови. Економската
криза помеѓу двете светски
војни значително го намалува
производството во фабриката, но
кризата најмногу се чувствува кон
крајот на седумдесеттите години од
минатиот век кога текстилната индустрија во цела Европа бележи
големи загуби. Клуч на фабриката
официјално се става во 1982 година
кога таа постепено ја менува и
својата функција. Најпрво, дел
од палетата на своите производи
фабриката ги продава по минимални
цени само за своите поранешни
вработени, а понатаму оваа
примарна продавница се отвора
и кон обичниот граѓанин. Но,
поради екстремно ниските цени
оваа продавница не функционира
повеќе од две години.

od-fabrika-do-trgovski-centar-3.jpg

Во 1984 година двајца братучеди,
Жислан и Иге Дал, ја откупуваат
фабриката Мот-Боси и го формираат
првиот центар на фабрички
продавници во Европа наречена
„Фабрика во Рубе“ по теркот
на веќе неколкуте американски
примери. Идејата на Дал била
25-те продавници кои се наоѓале
на различни локации во лилската
метропола, да се сместат под ист
покрив во поранешната текстилна
фабрика Мот-Боси. Пренаменетата
фабрика комплетно е реновирана,
целосно задржувајќи го стариот
надворешен изглед за кого
се преѕидани 2 милони тули и
направени се нови 800 километри
фуги помеѓу нив. Се градат и нови
крила, ескалатори на влезовите
обложени со стаклена фасада, но
никогаш никој не ни помислувал
да се наруши првобитниот
изглед од деветсто и третата.

od-fabrika-do-trgovski-centar-4.jpg 

Од сегашна гледна точка,
интересно е да се направи
паралела помеѓу приказната за
„Фабриката во Рубе“ и, за жал,
само размислувањата на поединци
за пренамена на индустриските
капацитети на просторите на
Република Македонија. Дали
може годината „1903“ врежана
на фасадата на фабриката да не
асоцира нè само на случувањата на
нашиот народ туку и на случувањата
во развиената Европа во тој ист
период? Но, сега се поставува и
прашањето, ако чекавме педесетина
години до ослободувањето од
деветсто и третата, дали сега ќе
треба да чекаме уште толку за да се
имплементираат овие тенденденции
за пренамена на запуштените
индустриски капацитети кои
за жал ги има во изобилство во
Македонија? Транзицијата во
Македонија остави голем белег
со изумирањето на голем број
индустриски капацитети кои во моментот се користат како некакви
складови или пак се користат
како сценографија за филмови
со апокалиптични содржини. Но
сепак, во најчест случај, овие
запуштени фабрики имаат изглед
на недефинирани археолошки
ископини кои се обраснати со
диво зеленило и имаат диво
вселени станари со сомнителна,
ниска социјална-цивилизациска
и криминогена структура.
Верувам дека современата ера
на информатичкото општество
и многу поедноставните начини
на патување на нашиот граѓанин
низ европскиот континент ќе
овозможат македонскиот граѓанин
да ги види успешните примери на
стариот континент за пренамена на
запуштените објекти, и конечно овие
успешни примери да се применат
и на нашето тло и по можност
без преголемо задоцнување.

 

д-р Александар Андовски,
доц. при Универзитет МИТ-Скопје
www.aleksandarandovski.webs.com

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top