Насловна / Вести / Рокот за изградба на автопатот во Црна Гора повторно продолжен

Рокот за изградба на автопатот во Црна Гора повторно продолжен

Делницата на автопатот Подгорица-Матешево нема да биде завршена ниту во вториот продолжен рок до 30. септември оваа година, потврдено е за „Вијести” од црногорското  Министерство за сообраќај и поморство. Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, укажа и на околностите поради коронавирусот и на тоа што работите се потпрени на домашната оператива, а на изведувачот му недостасуваат околу 800 работници.

mat2_resize

Првиот рок за завршување на делницата Подгорица-Матешево од 42 километри требаше да биде 11. мај 2019. година, но продолжен е за 17 месеци. Причините за каснењето беа недоволната техничка подготвеност на проектот како и голем број недоговорени работи, како клучката „Смоковац”, електро и водоводни мрежи и неколку пристапни патишта.

Сега причините за доцнење се последиците од пандемијата на коронавирусот, а новиот рок би можел да биде до лето наредната година.

Од Министерство за сообраќај велат дека процентот на изведени земјени работи на отворената траса е околу 90 отсто.

„Со оглед на отежнатото функционирање, набавката на материјали и опрема, недостиг на работна сила, треба да се очекува динамиката на изведување на работите оваа година да биде значително послаба од планираната, што може да има одраз на крајниот рок на реализацијата, а што ќе биде третирано во склад со релевантните договорни процедури”, наведуваат од Министерство за сообраќај.

mat1_resize

Генералниот директор на Директоратот за државен буџет во Министарството за финансии вели дека делницата нема да биде завршена ни во новиот рок.

„Јасно е дека се очекува одредено одлагање поради околностите, завршувањето на автопатот ќе биде во тек на наредната година, најверојатно во првата половина“, вели директорот.

Тој потврди и дека првата рата за отплата на оваа делница пристига за наплата во јули наредната година. Првобитно било планирано делницата да биде завршена две години пред почеток на отплатата, во тој период да се заврши техничкиот прием, но и оствари дел од приходите преку наплата на патарина.

mat_resize

Сега, првата рата за наплата од 33,7 милиони долари, зголемена за камата, во најдобар случај ќе дојде за наплата истовремено кога ќе се завршуваат работите. Втората рата во ист износ доаѓа за наплата кон крајот на наредната година.

Наредните 14 години, колку што ќе трае отплатата на овој кредит, чија основица изнесува 944 милиони долари, годишната рата со камата ќе изнесува околу 80 милиони евра, доколку се задржи постоечкиот курс.

Од наплата на патарина, според предходните проценки, може годишно да се очекува до  20 отсто од овој износ.

Сеуште не е донесена одлука кој ќе управува со оваа делница на автопатот кога ќе биде завршена изградбата, односно дали со неа ќе управува државната компанија „Монтепут” или ќе биде дадена на некоја приватна компанија преку концесија или јавно-приватно партнерство, а која би ја градела наредната делница.

Испрати коментар

Scroll To Top