Насловна / Архитектура / Архитектот Калебо предлага Нотр Дам да биде модерна и со градина за сиромашните

Архитектот Калебо предлага Нотр Дам да биде модерна и со градина за сиромашните

Белгискиот архитект кој создава во Франција, Винсент Калебо го објави својот предлог за реконструкциа на кровот на катедралата Нотр Дам. Под име „Палингенесис“, или повторно раѓање, овој концепт има за цел да ја обедини духовноста, уметноста и науката.

1_resize

Калебо клучните делови на готската архитектура на катедралата ги составил во една чиста линија која се протега кон небото.  Дизајнот за новиот кров е фокусиран на одржливост на животната средина, со мало јаглеродно влијание, соларна енергија и урбана градина интегрирана во конструкцијата, кој може да помогне да се прехранат сиромашните и бездомниците.

Кровниот и делот во поткровјето на катедралта пружа термален заштитен простор, кој во зима акумулира топол воздух со што катедралата подобро се изолира и грее, а во лето има свеж воздух со помош на растенијата.

3_resize

Катедралата би станала пример за екоинженерска структура, а црквата истакнат пионер во заштитата на животната средина.

Во средиштето на проектот има градина посветена на контемплација и медитација. Идеата е градината да ја обработуваат волонтери и добротворни здруженија и да произведуваат до 25 килограми овошје и зеленчук по квадратнен метар годишно. Така, секоја година може да се соберат до 21 тон овошје и зеленчук и да се дистрибуираат бесплатно.

2_resize

За таа цел, секоја недела во предворјето на Нотр Дам би се организирал зелен пазар. Оваа градска фарма Калебо ја поставил во поткровјето на црквата.

Стаклениот кров со дрвена конструкција претставува модерна адаптација на оригиналот, а испочитувана е изворната геометрија на поткровјето. Проектот е инспирисан од биомимикрија и заедничка етика за попривлечен, симбиотски однос помеѓу луѓето и природата. Калебо верува дека Нотр Дам ќе стане модерна зграда.

Испрати коментар

Scroll To Top