Насловна / Архитектура / Облакодерот болница победи на архитектонски натпревар на eVolo

Облакодерот болница победи на архитектонски натпревар на eVolo

Списанието за архитектура eVolo одржа натпревар за Најдобри облакодери во 2020 година и ги прогласи победниците. На конкурсот аплицирале 473 проекти од целиот свет. Архитектите ги претставиле своите концепти кои поместуваат граници во употребата на технологија, материјали, естетика и просторна организација. „EVolo 2020 Skyscraper Competition“ секоја година повикува на футуристички концепти за дизајн кои го оспоруваат начинот на кој размислуваме за високите згради. Оваа година архитектите биле навистина имагинативни. Само дел од проектите се вертикален парк, сместувачки единици за риболовци, болница облакодер.

konkurs
Победник за оваа година е проектот наречен „Epidemic Babel“. Тоа е болница, но во форма на облакодер. Инспирацијата потекнува од сегашната состојба на целиот свет – пандемијата на вирусот корона и недостатокот на капацитет за лекување во здравството. Концептот на кулата е дизајниран да се состои од челична рамка во која се сместени кутии модули за различни видови медицинска нега. Проектот е дизајниран од тричлен тим од Кина во состав Д Ли, Гавин Шен и Вајјуан Ксу. Тие изјавиле дека нивниот приоритет е проектот да може да се заврши брзо, поточно, дека изградбата е едноставна и брза со оглед на динамиката на ширење на болести и недостаток на здравствена инфраструктура.

konkurs1
Второто место и припадна на проектот „Egalitarian Nature“. Облакодерот е замислен како планински венец од каде произлегува можноста за доживување на природата во урбана средина. Овој вертикален зелен парк е дизајниран од Јутијан Танг и Јунтао Ксу од САД. Се одликува со цик-цак патека што оди нагоре и други апстрактни простори кои ја промовираат врската меѓу луѓето и природата. Во него нема да има лифтови, па пристапот е можен само со одење. Просториите во облакодерите се карактеризираат со слобода и флексибилност.

konkurs2
Третото место го зазеде необичен проект кој дава интересен изглед за тоа како може да се користи архитектурата и да помогне во проблемите со промена на нивото на морето. Ваков облакодер на брегот на морето е нешто што не се гледа често. Проектот го направија Чарлс Цу Веи Чианг и Алехандро Морено Гуереро од Тајван. Идејата е родена како договор за проблемот на рибарите во Сенегал кои се борат со зголемувањето на нивото на морето. Кулата има традиционална градба на столбови за да се спречи ерозијата и се карактеризира со традиционална сенегалска архитектура која вклучува дрва и се потпира на сложени заоблени системи за да се обликуваат вертикални единици за домување.
Покрај овие проекти, уште 22 добиле признанија и пофалби.

Испрати коментар

Scroll To Top