Насловна / Архитектура / Куќа со четири градини скриени зад бетонска чипка

Куќа со четири градини скриени зад бетонска чипка

Затворени или „тајни“ градини во домаќинства сме виделе во традиционалната архитектура на Кипар, а особено во главниот град Никозија, каде што многу куќи се скриени од погледот на соседите. Градините не само што се место за одгледување растенија, туку и место за интимен семеен живот.

kuka
Од записите на патниците кои ја посетиле Никозија во 14 век, можеме да научиме дека нивните градини биле опкружени со високи sидови со многу украсни елементи и дека тоа биле места каде се одгледувале разни зеленчуци и овошја. Градините беа претставени како важни места во животот на луѓето и со мирисите и звуците ги повикаа на нивна употреба. Во исто време, таквите градини во затворено во минатото го обликуваа урбаниот идентитет на градовите.

kuka2
За овој проект, архитектите од draftworks architects, се водени од идејата за повторно интерпретирање на традиционалната градба, и создале коцка од 16х16х5 метри во рамките на која е дизајниран простор за живеење. Во исто време, во коцката се создадени зелени коцки во форма на четири мали градини кои нудат престој на семејството на отворено и исто така место за одгледување цвеќиња и зеленчук.

kuka7
За изградба на оваа куќе од 170 квадратни метри во Никозија користен е примарно армиран бетон, додека локално произведени бетонски блокови се користени за да се направи чипка на коцката, дозволувајќи и на сончевата светлина да навлезе во внатрешноста.

kuka4
Внатрешноста е минимизирана, но е збогатена со бројно зеленило кое се појавува на скоро секој ѕид … па дури и на подот. Имено, во средина на дневната соба, која е отворен план, заедно со кујната и трпезаријата, изградена е една од градините, која светлина добива преку светлосниот  отвор на таванот.

kuka1

kuka5

kuka6

kuka3

Испрати коментар

Scroll To Top