Поради пандемијата на вирусот „Ковид 19“ се препорачуваа социјални растојанија, па австриско студио излезе со идеја и дизајнираше парк каде луѓето ќе можат да уживаат на отворено без страв од контакт со никого. Паркот во форма на лавиринт се карактеризира со голема жива ограда која ги дели подрачјата за движење.
Проектот за „Parc de la Distance“ го направи Крис Прехт, основач на студиото Precht. Тој изјавил дека насоката за овој проект е да се замисли како би изгледал паркот во сегашната ситуација кога ќе биде ограничен пристапот до отворите.
Во рамките на паркот, ќе има бројни правци кои граничат со жива ограда од 90 сантиметри, за да се обезбеди посетителите да бидат физички безбедни едни од други. Кога се гледа од воздухот, паркот всушност изгледа како отпечаток од прст. Секоја кружна патека со црвен гранит што поминува низ паркот ќе биде долга приближно 600 метри и ќе трае од рабовите на паркот до центарот и назад. Во центарот ќе има фонтани.
За да се спречат средби меѓу посетителите, ќе има порти на почетокот и крајот на секоја рута. Ако се затворени тоа значи дека трасата е зафатена. Времето потребно за да се помине една кружна тура е приближно 20 минути.
Паркот потсетува на француски барокни градини, кои се специфични по нивните формални геометриски форми и се заокружени со жива ограда и јасно уредено зеленило. Сепак, постојат елементи инспирирани од јапонските градини Зен, заради нивната кружна форма и деталите од камен.
Паркот може да се наоѓа на испразнето земјиште на местото на замокот Шонбран или Белведере, бидејќи парковите што ги опкружуваат се затворени.
Крис Прехт изјави дека проектот е дизајниран првенствено заради моменталната состојба во светот, но дека овој парк всушност би можел да биде многу интересен по пандемијата, затоа што им дава можност на посетителите да избегаат од градската бучава и да бидат сами додека сеуште се во јавност. Исто така верува дека по социјална изолација и затворањето во домовите, луѓето ќе сакаат да бидат на отворено колку што е можно повеќе. Тој додава дека овие типови паркови во урбаните средини овозможуваат бегство кон природата и дека тие треба да бидат што е можно поголеми.