Австрија во моментот ги држи сите погони на јаглен во резерва, откако неодамна го исклучи и когенеративниот систем Mellach, а енергетската компанијаVerbund и германскиот SunFire се обидуваат да најдат улога за зелениот водород во енергетскиот сектор.
Со оглед на крајот на овогодишната грејна сезона, старата електрана и топлана Mellach, која го снабдуваѓе со греење најголемиот дел од Грац, е исклучена порано од планираното. Оваа постројка која е под контрола на Verbund AG веднаш е трансформирана во локација за испитување на можностите за користење на водородот како делумна замена на фосилните горива.
Се работи за пилот проект под името Hotflex, со цел т.н чист водород да надомести дел од горивото во погоните на природен гас. Согласно планот, станува збор за тригодишно истражување кое ќе заврши во 2022 година. Уредот за електролиза, конструиран за високи температури, може да се користи и како горивни ќелии. Техничкиот универзитет во Грац (TU Graz) исто така учествува во студијата која се занимава и со можностите за складирање на електрична енергија произведена од ветер и сонце.