Насловна / Вести / Роботиката и одржливоста сé повеќе се барани во бизнисот

Роботиката и одржливоста сé повеќе се барани во бизнисот

Трансформацијата на деловниот свет се одвива интензивно, а компаниите се впуштаат во жестоко натпреварување за придобивање на добро обучени стручњаци кои се ускладени со променетите барања. Astrid Kleinhanns-Rollé, извршната директорка на деловната школа  WU Executive Academy, истакнува кои занимања и области се најпривлечни на пазарот на трудот, а чие златно време допрва претстои. Тие работни места нема да изгубат на атрактивноста дури во ова време на пандемија.

Вештачка интелигенција (AI – Artificial Intelligence) веќе поддржува процеси во многу области, а се очекува во блиска иднина AI решенијата да станат основа на новите деловни модели и иновативни производи – од здравствени апликации, до автономни возила. Како последица на ова, се зголемила побарувачката на стручњаци од оваа област.

ai1

Роботиката е на работ на трансформирачки исчекор: роботите не само што извршуваат различни операции во фабриките, туку во иднина се повеќе ќе бидат присутни во голем број професионални и приватни подрачја на примена. Стручњаците ќе осмислат соодветни решенија за создавање на роботски системи за кои е потребно добро разбирање на макроекономијата. Денес, роботиката се категоризира меѓу најбрзо растечките индустрии во светот.

AI2

Одржливоста и нејзината улога во бизнисот, значајно се промени во текот на последните години бидејќи организаиите се повеќе се свесни за последиците од успешната стратегија за одрживост. Како резултат на тоа, долгорочниот вредносно ориентиран пристап е клучен за стопанските, еколошките и социјалните иницијативи на организацијата. Извршните директори за етика и одржливост се одговорни за имплементација на стратегијата за одрливост на компанијата, како дел од  целокупната бизнис стратегија.

Инаку, освен стручњаци за вештачка интелигенција, роботика и извршни директори за етика и одржливост, меѓу најбараните професии се и стручњаците за податоци (data scientists), стручњаци за успех нa купувачи (customer success), специјaлисти за сајбер безбедност и менаџери за дигитална трансформација.

AI3

Испрати коментар

Scroll To Top