Насловна / Вести / Германија водечка во ЕУ и по увозот и по извозот на книги

Германија водечка во ЕУ и по увозот и по извозот на книги

Книгите во ЕУ се релативно подостапни бидејќи цените им растат поспоро од инфлацијата, покажуваат најновите податоци на Европската статистичка служба, објавени по повод Светскиот ден на книгата и авторските права, одбележан минатата седмица.

Во периодот од февруари 2010 до февруари 2020 цените на книгите во ЕУ се зголемиле за 9%. Во 2019 година извозот на книгите надвор од ЕУ вредел 1,9, а увозот 1,6 милијарди евра.

Водечките извозници на книги се истовремено и водечки увозници, па така Германија е лидер со увоз од 563 милиони и извоз од 277 милиони. Меѓу земјите членки на ЕУ, Германија исто така печати највеќе книги, односно во вредност од 889 милиони. Потоа следуваат Полска со 661 милион евра и Шпанија со 604 милиони евра.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на книгата е да го промовира уживањето во читањето и пишувањето, и да ја нагласи улогата на книгите како врска помеѓу минатото и иднината, како и да служи како мост за поврзување помеѓу генерациите и културите.

bookstore1

bookstore2

Испрати коментар

Scroll To Top