Насловна / Вести / Шведска е третата европска земја која ги затвори сите термоцентрали на јаглен

Шведска е третата европска земја која ги затвори сите термоцентрали на јаглен

Само неколку дена по Австрија, и Шведска „стави катанец“ на својата последна електрана на јаглен. Енергетската компанија  Stockholm Exergi AB ја затвори таа постројка две години порано отколку што беше планирано.

Првата европска земја која во оваа смисла го декарбонизираше производството на енергија беше Белгија. Белгија го заврши процесот на затворање на сите електрани на јаглен уште во 2016 година.

Затворајќи ја когенерациската постројка под името KVV6, производителот на енергија ги намали своите емисии на јаглерод диоксид за дури 50%. Жителите на Стокхолм од оваа електрана се снабдуваа со потребната енергија уште од 1989 година. Stockholm Exergi AB сега прави отклон од фосилните горива и се пренасочува кон користење и на т.н рециклирана енергија.

Се очекува до 2025 година, уште пет земји да го „истуркаат“ јагленот од својот енергетски микс – прво Франција до 2022, Словачка и Португалија 2023 година, потоа Велика Британија до 2024 година, а после нив Ирска и Италија до 2025 година. До 2030 годинанив ќе им се приидружат Грција, Холандија, Финска, Унгарија и Данска. Германија како рок ја најави 2038 година, но со тоа нема да се испочитуваат одредбите од Париската спогодба.

Stockholm_Exergi1

stockholm_exergi2

stockholm_exergi3

Испрати коментар

Scroll To Top