Копенхаген е град кој може да се пофали со современи архитектонски решенија и голем број на проекти кои вклучуваат лебдечка архитектура. Уште еден во низата од тој тип е нестандардниот парк кој вклучува лебдечки платформи. Станува збор за „паркипелаг“ или нешто помеѓу паркот и архипелагот, бидејќи паркот, кој е покриен со зеленило, е дистрибуиран на помали пловечки острови.
Проектот, кој ќе биде главна атракција во данската престолнина, го дизајнираа Маршал Блечер и Фокстрот.
Овие острови ќе бидат покриени со зеленило – трева и дрвја и ќе бидат лоцирани во јужниот дел на пристаништето. Тие ќе имаат различни форми и големини и ќе бидат рачно изработени од рециклирани и одржливи материјали. Локалните традиционални техники за градење брод ќе се користат за нивно создавање.
Островите ќе бидат мобилни и ќе можат да се поврзат доколку е потребно за да се одржи некој настан или манифестација. Тие, исто така, ќе можат да се отстранат или да се движат доколку тоа го бара некој вид на натпревар, како и за време на сезоните кога се активни пливачи, кајакари.
Проектот опфаќа сосема нов вид јавни паркови што не го знаеме, така што името „паркипелаг“ е термин за кој никогаш не сме чуле и само за кој ќе се зборува. Фокусот на овие нови јавни простори е ставен на урбаниот развој со елементи од природната средина долж пристаништето, бидејќи глобално гледано, нивото на морето се зголемува и создава нови предизвици за дизајнерите во крајбрежните градови.
Во 2018 година, првиот прототип на островот, именуван „CPH-Ø1“, е завршен. Се покажа дека е многу популарно кај пешачите, а имало и изложба на фотографии. Според интересот, започнати се повеќе острови од овој вид. Некои од идеите што се засноваат на истиот дизајн се надградени и вклучуваат лебдечки сауни, фарма за школки и пловечки кафулиња.