Белград неодамна го доби својот прв дизајн хостел со оригинален ентериер. YOLOstel е уникатно дизајниран за сите оние што сакаат да патуваат и на своите патувања сакаат да се чувствуваат како дома. YOLOstel се наоѓа во центарот на градот, на само неколку чекори од тврдината Калемегдан, главното шеталиште на улица „Кнез Михајлова“, од боемскиот кварт Скадарлија и многу блиску до делот на градот богат со ноќен живот – Савамала.
Хостелот има четири пространи спални, две купатила, кујна и дневна соба за пријатни средби меѓу гостите. Иако секоја соба е различна, сите се опремени со една цел, а тоа е да се чувствувате како дома. Дневната соба е место за одморање, за читање некоја книга или списание, за играње друштвени игри. Ова е простор за дружење и релаксација. Во комплетно опремената кујна може да се јаде бесплатна супа, да се пие чај, кафе или домашна ракија.