Вака изгеда предлогот на италијанската компанија како да се одржи растојанието меѓу капачите на плажа оваа летна сезона.
Многу земји кои се потпираат на туризмот со причина се загрижени како ќе изгледа летната туристичка сезона во 2020. година. Предвидувањата велат дека падот на прометот ќе биде најмалку 60 отсто, додека некои имаат и поцрни прогнози за пост-пандемиското летување.
Постојат неколку работи кои е потребно ова лето да се осигураат, а меѓу нив се контролиран пристап на плажите, како и инсталација на дозери за дезинфекција во тоалетите. Меѓутоа ни велат дека најважно е да биде гарантирана социјалната дистанца, т.е. растојанието помеѓу капачите.
Компанија од Римини, Италија, Nuova Neon 2, специјализирана за кровови, штандови и прозори, смислила како може безбедно да се оди на плажа. Тие предложиле монтажа на транспарентни кабини со димензии 4.4/4.5 метри, кои би се правеле од плексиглас и алуминиумски профили.
На социјалните мрежи предлогот наиде на неодобрување и исмејување, а и надлежните не се воодушевени. Рената Тосу, градоначалник на Ричионе на Јадранското море, за Domusweb изјавила дека „ Riviera Romagnola има посебен пристап кон гостите, а овој проект е мошне различен“.
Регионалниот претседател на Синдикатот на оператори на плажи, Симоне Батистони има слично мислење „Секогаш сме промовирале масовен, популарен туризам. Новите стандарди ќе мора да влијаат, но не со многу трауми“.
До пред некој месец оваа идеја секако дека би изгледала налудничва и веројатно е добра за некоја епизода од популарната научно – фантастична серија „Black Mirror”, која говори за модерно општество во блиска иднина, разни технологи и начинот на кој тие влијаат на луѓето.