Ширум светот на 22. април се одбележува Меѓународниот ден на Земјата, како потесетник дека нашата планета и нејзиниот екосистем ни даваат живот и како предупредување на опасностите кои се закануваат со развитокот на индустријата, зголемување на потрошувачката на енергија, неодговорното постапување со отпадот и климатските промени.
Иако првиот Ден на планаетата Земја е одржан во Соединетите Држави 1970. година, пола век подоцна во овој настан земаат учество речиси 200 земји и милијарда луѓе водени со идеата за изградба на т.н. „демократија за заштита на животната средина“, правејќи ја најголема граѓанска акција на светот. Оваа година празникот слави 50 години постоење.
Фокусот на 50. Ден на Земјата ќе биде борбата против климатските промени како еден од најголемите предизвици на човештвото денес. Организаторите сметаат дека 22. април 2020. година претставува историски момент кој ќе здружи креативност, иновации, амбиции и храброст на луѓето ширум светот на патот кон постигнување јаглеродна неутралност и потиснување од употреба на фосилните горива.
Експертите сметаат дека со здружени напори на законодавците, научниците, политичарите, религиските водачи, учителите и цивилното општество би можеле да ставиме крај на оваа глобална криза.