Компанијата „Макстил“ од Министерството за животна средина и просторно планирање побара продолжување на рокот за еколошко приспособување до крајот на оваа година, а дотогаш ќе работи со една третина од капацитетот.
Рокот за примена на еколошките стандарди за сите загадувачи во Македонија е 1 април. За секое барање за одложување на овој рок ќе одлучува Владата. Вакво пролонгирање на рокот побара и „Југохром“ од Јегуновце.
Во „Макстил“ велат дека веќе е почната изградбата на систем за отпрашување во кој се вложени 10 милиони евра.