Насловна / Вести / САД ја забрзуваат изградбата на ѕидот долж границата со Мексико

САД ја забрзуваат изградбата на ѕидот долж границата со Мексико

Додека администрација на Трамп се бори со епидемијата од корона вирусот, американскиот претседател не се откажува од своето изборно ветување и настојува да ја убрза изградбата на ѕидот долж граничните линии на југот на САД.

Изградбата на граничниот ѕид беше главното ветување на Трамп за време на предизборната кампања 2016. година, кое е одлагано постапно за да се претвори во неисполнето ветување се до минатата година кога Трамповата администрација тргна во агресивна експропријација на пограничните имоти, воглавном во државата Тексас, користејќи се во голем број случаи со надлежностите на федералните судови.

12_resize

Адвокатите на сопствениците на имоти на ударот на експропријацијата, предупредуваат дека администрацијата избрала лош момент да тргне во ваква агресивна кампања.

„Тајмингот е лош, а човечки гледано – многу лош. Ги присилуваат сопствениците или да се откажат или да останат без својот имот и земја за да се борат за своите права со помош на скапи адвокати. Се тоа во момент кога американската економија е на искушенија“, вели  Дејвид Донати, адвокат во Американската унија за граѓанскаи права во Тексас, кој застапува една фамилија во борбата против Трамповата администрација, јавува Ројтерс.

11_resize

Белата куќа не сакаше да ја коментира оваа приказна, но претседателот Трамп неодамна изјави дека пандемијата само покажала дека е потребна посилана контрола на границите.

„Ѕидот ни е потребен повеќе од било кога“, објавил на твитер американскиот претседател.

Испрати коментар

Scroll To Top