Насловна / Вести / Перу планира да засади еден милион дрвја околу Мачу Пикчу

Перу планира да засади еден милион дрвја околу Мачу Пикчу

Перу планира да засади милион дрвја околу археолошкиот локалитет Мачу Пикчу за да го заштити од лизгање на земјиштето и шумски пожари.
Кампањата за садење беше објавена од перуанскиот претседател Мартин Вискара во јануари. Тој рече дека садењето милион дрвја околу античкиот град Мачу Пикчу е „одговорност на владата, регионот и на сите граѓани кои сакаат да го заштитат ова светско чудо“.

Peru
Познатиот град Инка зафаќа површина од 35 илјади хектари. Секоја зима и лето, тој е изложен на ризик од лизгање на земјиштето и шумски пожари. Засадувањето дрвја исто така ќе помогне во заштитата на локалната флора и фауна.
Ова туристичко место, откриено во 1911 година од Хајрам Бингам, претрпе некои измени во последните години за да се спречи оштетување и деградација. Така, Храмот на сонцето, групата Кондор и Интихуатана сега имаат ограничено време на посета и број на посетители.
Сличен проект е направен во февруари 2019 година, кога „Екозија“ и „Прогресо“ засадија 1,2 милиони дрвја во јужноамериканските земји. Ова беше најголемиот проект за пошумување во тој регион.

Испрати коментар

Scroll To Top