Како одговор и свој придонес во актуелнава здравствена криза, легендарниот фудбалски клуб Paris Saint-Germain издаде специјална едиција на дресови, со чија продажба ќе им помогне здравствените работници во Париз. Дизајнот на овој специјален дрес има оригинална порака Tous Unis (сите заедно). Едицијата има 1.500 парчиња, а нивната цена е 175€. Сите собрани средства ќе бидат донирани на здравствените работници во универзитетскиот клинички центар Assistance publique – Hôpitaux de Paris (AP-HP), кој е најголемиот систем на болници во Европа. Во исто време, клубот секојдневно обезбедува и доставува оброци за персоналот на болниците во градот, под истото мото Tous Unis.