Насловна / Архитектура / Истанбул совршена ускладеност на културите

Истанбул совршена ускладеност на културите

istanbul_kultura_thumb.jpgКога се
движиш низ
Истанбул, прво
поминуваш
низ нови убави
населби, па
потоа влегуваш
во некакво
за’рѓано
предградие
со фабрики
и магацини,
во некакви
улици со чудни
и непознати
мириси, со
трошливи
куќи и дуќани
изградени уште
од „времето
на султаните“,
за одеднаш
да влезеш
во широки
булевари со
згради како во
секој модерен
европски град.

Рано наутро, a по улиците
метеж! Се чини како градот
воопшто да не спие. Улиците
се преполни со луѓе и автомобили,
сите итаат обидувајќи се да стигнат
некаде. Кафетериите работат
со полна пареа, од пекарниците
излегуваат мириси на тазе печени
тестенини, мириси на ванила
и зачини, на кои не им ги знам
имињата, а кои се шират насекаде
низ улиците. На поставените
маси на тротоарите седат луѓе
кои уживаат пиејќи го утринското
турско кафе или чај, некои
играат табла, а од рестораните
што ги има насекаде, можете да
порачате и домашно јадење… Ако
за момент заборавите дека сте
во Истанбул, речиси неизбежно
е чувството дека сте во Париз!

Истанбул е еден од најубавите
градови на светот кој уште од
минатото, па сè до денес, е
инспирација на многу писатели,
поети, сликари… Истанбул е град
за кого се напишани безброј
песни и поеми и се нацртани
безброј слики. Истанбул е еден
од најпознатите градови по
природните убавини и културно
историски знаменитости во светот.

istanbul_kultura_1.jpg

Кога за првпат, пред многу
години наназад, доаѓав во овој
космополитски град, си замислував
како од прашливата полјана во
далечината се крева појас од
ѕидови подигнати од византиските
императори, кои го обиколуваат
градот! Си ги замислував портите
и ѕидините надгледувани од
стражари вооружени со големи
копја кои попреку те гледаат.

Ако поверуваш како мене во
сето ова, секако дека ќе згрешиш;
доаѓањето во Истанбул е поинакво.
Со часови одиш напред, а не ти
е јасно дали си веќе во градот
или сè уште не си влегол во него.
Како некое море од куќи и народ,
Истанбул се разлева со километри,
наоколу таму до границите на
Европа и натаму по ридовите
на Азија. Тоа е градот што ги
поврзува двата континенти.

Кога се движиш низ Истанбул,
прво поминуваш низ нови убави
населби, па потоа влегуваш во
некакво за’рѓано предградие со
фабрики и магацини, во некакви
улици со чудни и непознати
миризби, со трошливи куќи и дуќани
изградени уште од „времето на
султаните“, за одеднаш да влезеш
во широки булевари со згради како
во секој модерен европски град.

istanbul_kultura_2.jpg

Taksim Meydani или плоштадот
Таксим кој се наоѓа во европскиот
дел на Истанбул, е главното
собиралиште на туристите
и почетната дестинација за
разгледување на овој прекрасен
и неповторлив град. Тука се
сместени многу хотели, ресторани
и продавници. Таксим е срцето на
модерниот Истанбул. Името доаѓа
од арапски, што би можело да се
преведе како „распределување“.
Така се наречени камените
резервоари за вода, која се
носела од „Белградската шума“
оддалечена 23 км и оттука се
распределувала низ целиот град.
Од Таксим започнува долгата
пешачка улица „Истиклал Џадеси“
или авенија на независноста, по која
и денес поминува носталгичниот
трамвај, поставен тука пред повеќе
од 90 години. Трамвајот оди по
оваа позната улица преполна со
убава стара архитектура, сè до
крајот на тунелот во кој се наоѓа,
после лондонската, втората во свет
по старост подземна железница.
Се смета дека булеварот за време
на викендите го посетуваат преку
три милиони луѓе. „Истиклал
Џадеси“ се наоѓа во делот од
градот наречен Бејоглу.

 

ПЕРА ПАЛАС

Во време на отоманската империја
тука се наоѓале најголемиот број
на амбасади и конзулати. Денес од
нив има останато само мал број.
Објектите околу булеварот се
изградени во 19 век. На почетокот,
на самиот Таксим се наоѓа грчката православна црква Света Троица,
а одејќи понатаму се доаѓа до
училиштето Галатасарај, како и до
палатата Пера. istanbul_kultura_3.jpgПера или Галата е
најблизу до предградието Бејоглу.
Таа е мистична и не е место кое
може едноставно да се опише.
Од една страна бијат звоната на
камбаните, од другата страна
се слуша гласот на мујезинот
што ги повикува верниците на
молитва. Кога сте во овој дел од
градот задолжително посетете го
историскиот хотел „Пера Палас“,
изграден во 1892 година. Во овој
хотел се сместувале патниците
на „Ориент Експрес“, а негови
постојани гости биле англискиот
крал Едвард VIII, Кралицата
Елизабета II, императорот Франц
Јозеф, иранскиот шах Реза
Пахлави, маршал Тито, како и
основачот на современа Турција,
Мустафа Кемал Ататурк. Во „Пера
Палас“ престојувале и Сара
Бернард, познатиот режисер
Алфред Хичкок, Жаклина Кенеди
Оназис, како и Грета Гарбо. Во
еден од апартманите што го носи
нејзиното име, Агата Кристи го
пишувала својот познат роман
„Убиство во Ориент Експрес“.

 


ГАЛАТА

Постојат места во градот каде
што заборавате каде сте и во кое
време се наоѓате! Галата, една од
најстарите населби во Истанбул
е такво место. Се наоѓа на
северниот дел од заливот Златен
Рог. Во времето на византиските
владетели, оваа населба била еден
од најважните делови на градот.
Во неа е сместена познатата кула
Галата, која служела како место
за набљудување на бродовите
што доаѓале во градот. Старите
згради во овој дел на градот
имаат свој карактеристичен
архитектонски стил, по улиците
се чувствува миризбата на
историјата. Продавниците во
овој дел од градот се преполни
со единствени предмети кои
ги привлекуваат туристите.

istanbul_kultura_4.jpg

Од уличките и познатите
скалила на Чихангир се пружа
прекрасен поглед кон Босфор.
Ова е место каде што живеат и
се дружат многу познати турски
писатели, актери и уметници. Се
симнувам кон мостот Галата за
да преминам на другата страна.
Мостот Галата е симболична
врска меѓу традиционалниот дел
од градот каде што се наоѓаат
многубројни џамии, империјални
палати и општествени институции,
како и делот во кој живеат многу
странски претставници, дипломати
и немуслимани. Од мостот се
пружа најубавиот поглед на
Златниот Рог. На мостот во секое
време ќе ги сретнете локалните
риболовци како со своите трски
ловат риба, додека во долниот дел
се наоѓаат многубројни ресторани,
во кои се служи вкусна храна и
од кои се простира поглед кон
најубавиот залез на сонцето.
Кога ќе се помине мостот,
неизбежна е посетата на Јени
џамија, како и на Капали чаршија,
која е една од најстарите
покриени пазари во светот. За
да ја обиколите ви треба многу
време, затоа што во неа има
дури 1.200 улички во кои се
продава сè и сешто! Велат дека
помеѓу 250.000 и 400.000 луѓе
дневно поминуваат низ неа!
Аја Софија, Сина џамија,
Топкапи… каде и да се движите,
во секоја точка од градот се
случува изненадување за очите.
Толку има многу да се пишува за
Истанбул и неговите градби, за
животот на луѓето, за случките
од минатото и она што денес се
случува. Но се нема време за се.
Си велам „Среќен е оној што
секој ден го има Истанбул пред
очите, и секогаш ги гледа нештата
што тој ги содржи”. Извикувам во
себе така, со жалење, затоа што
морам да го напуштам градот и да
си одам дома откако, чинам, само
сум го допрел со погледот.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top