Вилата One Oak Chalet уредена е во комбинација на рустикален и модерен стил. Со поглед на Мон Блан и со многу софистицирани детали во ентериерот, овој вистински мал рај за одмор нема никого да го остави рамнодушен. Вилата има три ката и се што е потребно за уживање. Така, секоја соба има сопствена бања и прозорци од подот до таванот со поглед на планините и селата. На првиот кат има пространа дневна соба која изгледа како да е создадена само за дружење и релаксација.