Украинските пожарникари соопштуваат дека оваа неделла нивото на радијација во зоната на исклучување во Чернобил скокнало 16 пати над нормалното ниво, поради пожарите кои го пустошат шумовитото подрачје.
Велат дека пожарите во атмосферата ослободуваат радиоактивни елементи, кои предходно се наоѓале во земјата и растенијата, а потоа ветровите ги разнесуваат.
Украинското Здружение на ветераните на атмоска енергија и индустрија, кое собира пензионирани официјални лица и неколку директори на нуклеарни електрани, предупредува дека нуклеарниот сектор е во критична состојба и дека се заканува опсаност од „уште еден Чернобил“.
„Ситуацијата во секторот нуклеарна енергија е страшна“, предупредуваат членовите на Здружението во писмото упатено до претседателот на Украина, Владимир Зеленски, премиерот и претседателот на парламентот.
Во писмото се наведува дека „Енергоатом“, оператор на украинските нуклеарни електрани, веќе неколку месеци нема постојани менаџери кои работат на основа на релевантни сигурносни дозволи издадени од нуклеарните регулатори. Споредн нив, тоа значи дека „легално, никој не е одговорен за безбедноста на нуклеарните електрани“.
„Дали тоа значи дека Чернобил не ни беше доволен, туку се обидуваме да го повториме“, се прашуваат потписниците.
Во писмото се предупредува дека „Енергоатом“ се соочува со „критичен недостаток на финасиски средства, потребни за обезбедување на сигурна работа на постројките и набавка на гориво“ и поставуваат прашање до властите дали разбираат до што би можело да доведе затворањето на нуклеарните електрани во Украина.
Во нуклеарните електрани во Украина се произведува околу половина од електричната енергија во земјата. Пред неколку дена, ексклузивната зона на Чернобил ја зафати пожар.
Истакнувајќи ги „постојаните настојувања поединци без знаење за нуклеарнаенергија да се носат на раководни позиции во „Енергоатом“, пензионарите работници од нуклеарната индустрија ја прашуваат власта, дали сфаќа дека така грубо се крши меѓународниот режим на нуклеарна безбедност.
На крајот од писмото, членовите на Здружението инсистираат власта да ја прекине праксата, „Енергоатом“ да го раководат вршители на должност, да ја сопре финасиската дискриминација и да „спречи земјата да се лисзга кон втор Чернобил“.
Апелот го потпишале бивши високи функционери на нуклеарната индустрија на Украина, меѓу кои и Владимир Броников, бивши директор на нуклеарната елекктрана Запорпжје, Владимир Коровкин, бивши директор на нуклеарната елекктрана Ривне и Николај Штајнберг, бивши главен инженер на нуклеарната електрана Чернобил.
Украина е седми производител на нуклеарна енергија во светот и има четири оперативни нуклеарни електрани и 15 реактори. Украина кон средината на минатата деценија, наместо од рускиот „Росатом“, почна да набавува нуклеарно гориво од американскиот Vestinghaus. Меѓутоа забележано е дека американското гориво не е компатибилно со електраните градени во советскиот период.