Скулптурата на Христос Спасителот над Рио де Жанеиро во велигденската ноќ била осветлена за да изгледа како лекар. Се со цел да се укаже на важноста на улогата на здравствените работници ширум светот во борбата поротв пандемијата на коронавирусот и на овој начин да им се изрази благодарност.
Градскиот бискуп Дом Орани Темпеста одржал миса во подножјето на статуата во која им оддал почит на сите медицински работници.
Зборот „благодарам“ на многу јазици бил проектиран на скулптурата, заедно со фотографии од медицински работници со маски.
Слоганот „Fique Em Casa” (Останете дома) бил испишан на раката на статуата.
За време на светлосниот спектакл на скулптурата се проектирани и знамиња на голем број држави, од кои знамињата на некои држави, најтешко погодени со вирусот, биле посебно истакнати.