Кинескиот производител на автомобили Hongqi објави дека започнува да го произведува својот нов модел E115 SUV. Иако не известуваат прецизно кога овој модел би можел да се најде на пазарот, се очекува тоа да биде до крајот на оваа година, со динамика од произведени 51.000 примероци за првите шест месеци. Концептот на моделот E115 е прикажан на саемот за автомобили во Шангај, а тој ќе биде многу сличен на BMW X7 според габаритот и димезиите. Погонот ќе биде обезбеден преку два електромотори со моќност од 218 и 299 hp. Ќе поседува литиумска батерија од 92 kWh, и ќе може да помине околу 600 km со едно полнење.