Дваесетина партнери од индустријата и науката во подрачјето на геотермалната енергија во Европа, ја стартуваа Европската образовна мрежа за геотермална енергија (Geo3EN) со цел унапредување на квалитетот на истражувањата и зголемување на бројот на млади квалификувани инженери и стручњаци за геотермална енергија. Проектот е одобрен во рамките на програмата Erasmus+ KA2 – Strategic Partnerships со кој се поттикнуваат иновациите и развојот на решенија кои можат да бидат применливи на што поголем број организации. Целта на проектот е осмислување на меѓународни додипломски студии за геотермално инженерство. Такво образование, на студентите ќе им овозможи компетенции од подрачјето на геологијата, машинството, управувањето со електроенергетски системи и управувањето со проекти. Проектот Geo3En го води конзорциум од три факултети од Франција, Германија и Хрватска, и еден иновациски центар од Исланд. Хрватскиот партнер во проектот е Факултетот за електротехника (Fakultet elektrotehnike i računarstva – FER) од Универзитетот во Загреб.