Водопадот Сан Рафаел на реката Кока во Еквадор, беше голема туристичка атракција. Го посетиле туристи од целиот свет – десетици илјади годишно. Водопадот бил висок 45 метри и завршил во кратер.
Водопадот во Еквадор во Сан Рафаел исчезна кога бездната се формираше низводно и голтна поголем дел од водата што течела кон водопадот. Според снимките на НАСА, на местото каде што бил водопадот, сега има само три потоци.
Експерти од Еквадорското Министерство за животна средина веруваат дека бездната се отворила низводно и го пренасочила текот на реката под земја.
Сè уште не е јасно дали станува збор за природна појава или дали промената на протокот на реките е предизвикана од изградба на брана низводно.