Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ му предочил на амбасадорот на Хрватска во БиХ, дека изградбата на одлагалиштето за нуклеарен отпад на Трговска гора, што е во непосредна блиина на границата помеѓу двете земји, е неприфатлива бидејќи го загрозува здравјето на околу 250 000 жители во 13 општини во сливот на реката Уна, со негативно влијание врз животната средина. Тој истакнал и дека согласно заклучоците на релевантните институции во БиХ, ќе се работи на докажување на штетноста од изградбата на овој Центар.
Фондот за финансирање на разградувањето и згрижувањето на радиоактивниот отпад и истрошеното нуклеарно гориво од НЕ Кршко, го презеде поранешното воено складиште во близина на границата со БиХ, со цел да го претвори во Центар за одлагање на радиоактивен отпад.