Насловна / Вести / За прв пат женски лик на банкнота во Тунис

За прв пат женски лик на банкнота во Тунис

На новата банкнота од 10 динари во Тунис, за прв пат се најде портретот на една жена –  Tawhida Ben Cheikh. Таа влегла во историјата на оваа земја како прва жена во многу категории. Имено, таа била првата жена во Тунис која дипломирала (во 1928 година), како и првата женa муслиманка во земјите на Магреб која работела како лекар.  Веќе од 27-ми март 2020, таа доби бесмртност на  банкнотата од 10 динари. Доколку изборот за ваква почест била предмет на дискусии во земјата неколку години претходно, денес во полн ек на корона кризата, овој потег добива уште поголема симболика. „Идејата е да се оддаде признание не само на оваа жена, туку и на сите кои денес се на првата линија на одбраната од корона вирусот“ вели  Marouane El Abassi, гувернер на Централната банка на Тунис.

Родена во 1909 година,  Tawhida Ben Cheikh  остава траен белег во современата историја на Тунис. Во време кога зејата е под француски протекторат, нејзината мајка вдовица без образование и со пет деца, се одлучува на огромна жртва и ја испраќа својата ќерка на студии по медицина во Париз. Во текот на школувањето добива огромна помош од семејството на еден француски доктор во Тунис. Тоа е почетокот на една импресивна кариера како лекар во областа нa педијатријата и гинекологијата. Во триесетите години на минатиот век, младата лекарка со специјализација во областа на педијатријата се враќа во Тунис и отвара своја приватна пракса. Tаа не можела да се вработи во јавното здравство. Тоа бил терен резервиран за француските доктори. Станува позната по прекарот „докторот на сиромашните“, бидејќи најчесто тоа била категоријата на луѓе на која им помагала. Подоцна, многу жени и се обраќале со барање да ги породи, па затоа  се доусовршила и во областа на гинекологијата. Преку својата клиника и својата работа со населението, направила огромно влијаниие во областа на планирањето на семејството. Има две ќерки и еден син, во бракот со угледен стоматолог. Починала во 2010 година, на возраст од 101 година. За време на својот живот речиси и да не добила никакво признание за својата работa, иако го поплочила патот за една цела генeрација. Денес, половина од лекарите во Тунис се жени. Но, по нејзината смрт работите се менуваат, па почеста со банкнотата е само една во низата. Имено, од 2011 година една здравствена установа во Тунис го добива нејзиното име, а во 2012 година националната пошта издава поштенска марка со нејзиниот лик.

tunisie4

tunisie1

tunisie3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top