Во италијанскиот регион Тоскана се сруши мост на реката Магра, што е последниот случај на пропаѓање на инфраструктурата во земјата по неколку години запоставување.
Во моментот на уривањето, на мостот имало само два камиони, бидејќи сообраќајот во Италија е слаб поради сообраќајната забрана за спречување на пандемијата на коронавирус. Според италијанските медиуми, еден од возачите бил хоспитализиран.
Италијанската агенција за патишта Анас минатата година испратила инспектори да ја проверат безбедноста на мостот бидејќи поради обилни врнежи од дожд се појавила пукнатина.
Тие одлучиле дека мостот во Аула, провинцијата Маса Карара, може да се користи за сообраќај.
Градоначалникот на Аула, Роберто Валетини, напиша за новинската агенција „Анас“ дека тешките камиони постојано го користеле тој мост со две ленти заради затворањето на околните патишта.
Италијанските власти сè уште го обновуваат сообраќајниот мост Моранди во Џенова што се урна во август 2018 година за време на невреме.
Во ноември 2019 година, дел од вијадуктот на патот помеѓу Савона и Торино се распадна како резултат на свлечиштето предизвикано од поројниот дожд, а жртви немаше.