Куќата во Токио, под името Stairway House се карактеризира со огромни лажни скалила кои минуваат низ фасадата. Се наоѓа во мирна населба позната по неонски осветлените згради и шарени улици. За овој несекојдневен објкт, проектот е изработен од страна на студиото Nendo. Овој станбен објект се простира на три ката и сместува три генерации од едно семејство. Приземјето е прилагодено за постар брачен пар и за нивните мачки, додека горните катови се за помладиот брачен пар и за нивното дете. Со цел вака поделените станари да не се чувстуваат изолирано во своите дневни соби, студиото одлучило да постави широки склалила за нивно спојување. Делот од скалите кои се наоѓаат внатре во објектот се направени од челик, додека надворешниот дел од бетон. Скалите не само што ја поврзуваат внатрешноста на објектот со дворот, и засебните домаќинства, туку има за цел и поширока интеграција на објектот со околината. Надворешниот дел на скалите, заедно со градината се прекриени со растенија во саксии. Nendo ја вклучил оваа содржина со цел создавање на чувство на стакленик. Некои од застаклените панели кои ја сочинуваат фасадата можат да се поместуваат со циркулација на свеж воздух во објектот. Ентериерот се карактеризира со умереност која е присутна не само кај скалите туку и во остатокот на куќата, па најголем дел од мебелот е во црна боја. Предната фасада е исто така крајно едноставна, целосно без прозорци.
Stairway House не е единствениот обект каде скалите се ставени во прв план. Минатата година, Beta Ø Architects вметна една драматична скалишна конструкција во централниот дел на една куќа во Мадрид.